ФОТО: Легендите се привлекуваат - сер Алекс и чичко Дончо! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Останато
22/10/2017 20:35
Останато
22/10/2017 16:31
Фудбал
22/10/2017 16:26
Фудбал
22/10/2017 14:17

ФОТО: Легендите се привлекуваат – сер Алекс и чичко Дончо!

ФОТО: Легендите се привлекуваат – сер Алекс и чичко Дончо!

Бројни угледни гости од светот на фудбалот денеска и утре ќе бидат во македонската метропола за еден од најголемите фудбалски клупски настани годинава, УЕФА Суперкупот. Меѓу нив и легендарниот сер Алекс Фергусон, најтрофејниот менаџер во историјата на Манчестер јунајтед кој во Скопје е да ги следи своите „црвени ѓаволи“.

Па, сер Алекс вечерва имаше средба и со првиот македонски селектор Андон Дончевски за време на гала вечерта која се организира пред утрешниот натпревар вечерва во хотелот „Мериот“ во Скопје. Сер Алекс и чичко Дончо на едно место, англиската и македонската легенда – повеќе од 100 години фудбалско искуство збрано на едно место!

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.