ФОТО: Подарок дрес за Златко Калински…

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски му подари дрес од името на националниот тим на доајенот на спортското коментаторство, Златко Калински кој оваа година пензионирајќи се, се повлекува од ТВ екраните.

„Чест ми е што ќе му доделам дрес на Златко Калински, доајенот на македонското спортско новинарство“ – рече Ангеловски, на кого се дополни и самиот Калински.

„Благодарам за честа. Жал ми е што во работниот век од 42 години немав можност за еден спортски крик… Македонија да ја следам на еден голем настан, настап на Европско или Светско првенство. Се понадевав дека ќе ја победиме Италија, но ете посакувам да се радувам во иднина заедно со сите Македонци. Верувам дека во иднина може да следат многу поголеми успеси за македонските селекции, согласно и сето она како најава што го направија младите репрезентативци“ – рече Калински.

Се вчитува...