Матео: И Партизан мислеше дека е готово…

Реал Мадрид уште само една победа во четвртфиналната серија против Басконија го дели од пласман на „фајнал фор“ турнирот на Евролигата. „Кралевите“ доминантно го одбранија домашниот терен во двете средби против шпанскиот ривал и се на добар пат да изборат нов настап во Берлин.

Но, и покрај доминантната изведба во главниот град на Шпанија, тренерот на Реал Мадрид, Чус Матео предупреди на внимателност давајќи ја четвртфиналната серија против Партизан ланската сезона како пример.

„Горд сум на играчите и навивачите. Си ја завршивме задачата. Одигравме на високо ниво во двата натпревари и го одбранивме домашниот терен и покрај тоа што е многу тешко да добиете така квалитетен противник два пати во краток период.

Се уште немаме обезбедено настап на финалниот турнир и сите сме свесни за тоа. За остварување на целта ни е потребна уште една победа, а ќе мораме добро да се потрудиме за да стигнеме до неа. Добро ја паметиме претходната сезона кога губевме 2-0 од Партизан. Не се предадовме, одевме чекор по чекор и стигнавме до финалниот турнир и титулата. Ништо не се менува и сега. Мора повторно да одиме чекор по чекор. Басконија сигурно нема да се предаде. Очекувам нивна реакција во третиот натпревар и верувам дека ќе бидеме подготвени да одговориме на реакцијата на ривалот“, вели Матео.

Се вчитува...