ФОТОГАЛЕРИЈА: Место спектакл – дебакл… Аплаузи само за „Комитите“!

Вардар запиша неславно деби во Лигата на Европа, со убедлив пораз од руски Зенит од 0-5 на домашен терен. Место спектакл – дебакл на вечерашниот дуел, и на теренот и на трибините.

Разочарувачки беше од самиот почеток да се погледнат полупразните трибини на нашиот најголем стадион со едвај околу 13.000 навивачи, за да потоа разочарувањето се пренесе и од играта на вардаровите фудбалери.

На крај, аплаузи од европското вардарово деби заслужија единствено „Комитите“ кои до последната секунда безрезеревно беа со максимална поддршка за фудбалерите. Десет минути по крајот на дуелот, „Комитите“ од соблекувални ги вратија и фудбалерите уште еднаш истакнувајќи ја својата поддршка… „Комитите“ и единствено го исполнија својот дел од резервираните трибини на „Филип Втори“ со откупени сите билети кои беа отстапени за нив… Се останатo потфрлување!

[new_royalslider id=”772″]

Се вчитува...