Фудбалска шпиунажа: Австралијците со дрон ја „краделе“ тактиката на Хондурас (Видео)

Селекторот на репрезентацијата на Хондурас, Жорге Луис Пинто ја обвини Австралија за шпиунирање на својот тим за време на завршните подготовки пред утрешниот реванш за пласман на Светстко првество 2018. Над „АНЗ“ арената каде треба да се одигра средбата, забележан е дрон како лебди над стадинот, а според селекторот Пинто е во сопственост на нивниот противник во баражот, преку него се обидувале да ја откријат нивната тактика.

„Ова е срамота за волку развиена држава како што е Австралија. Кога тие гостуваа во Хондурас ги прегледуваа сите соби во кои престојуваа, секоја просторија во хотелот. Го проверија и секој агол од нашиот стадион во случај да не ги снимаме. Тотално сме разочарани, ова е јасен пример на шпиунажа во фудбалот. Го одзема значењето на фер плеј во спортот“, вели Пинто.

Селекторот потоа одби да ги прифати демантите од страна на австралиската репрезентација, домаќините тврдат дека дронот кој летал над стадионот припаѓал на деца кои си играле во паркот кој бил во непосредна близина на арената.

https://twitter.com/honsoccer/status/930071781502803969

Се вчитува...