Голем удар за Клоп: Мане паузира шест седмици - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/10/2017 22:47
Ракомет
23/10/2017 17:02
Коментари
23/10/2017 13:15
Останато
22/10/2017 20:35

Голем удар за Клоп: Мане паузира шест седмици

Голем удар за Клоп: Мане паузира шест седмици

Ливерпул на пет дена пред големото дерби на „Енфилд роуд“ против Манчестер јунајтед се соочи со огромен проблем, откако беше обелоденето дека Садио Мане го очекува пауза од терените подолга од еден месец.

„Црвените“ преку својата официјална веб-страница потврдија дека Мане се повредил при настап за репрезентацијата на Сенегал, станува збор за проблем со мускулот на ногата, па брзоногиот офанзивец во следните четири до шест сседмици нема да му биде на располагање на Јирген Клоп.

Мане беше најдобар фудбалер на Ливерпул на стартот на сезонава, но потоа заработи суспензија од три меча по црвениот картон на дербито со Манчестер сити. Тој се врати во тимот за последното гостување со Њукасл (1-1), а сега одново нема да биде дел од тимот на „црвените“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.