Голема поддршка за младите фудбалери: Пандев, Ангеловски, Ѓорѓиоски…(ФОТО)

Ако те гледа најдобриот фудбалер Македонец на сите времиња, тогаш мотивот на младите фудбалери секако е – до небо! Капитенот на македонскиот национален тим во друштво на селекторот Игор Ангеловски и на претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, им беше поддршка на избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ на првиот меч против Швајцарија, на стартот од квалификацискиот турнир што се одржува во Скопје.

А, со таква поддршка, секако доаѓа и победа. Со одличното второ полувреме, младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години оствари значаен триумф против Швајцарија, со головите на Трајановски и на Атанасов од пенал.

[new_royalslider id=”838″]

Се вчитува...