Грифин со „звукот на сирената“ го замолкна Орегон, Казинс ги реши „своите“… (видео)

Највозбудливиот меч од изминатава ноќ во НБА лигата беше одигран во Орегон каде ЛА Клиперс по вистинска драма славеше против Портланд со 104-103.

Домашниот состав успеа да се врати по големо заостанување во третиот период, па следеше драматична завршница во која Блејк Грифин со тројка со звукот на сирената донесе триумф за Клиперси.

Токму и Грифин беше најефикасниот кошаркар на натпреварот постигнувајќи 25 поени во победата на Клиперси.

ДеМаркус Казинс, пак, блескаше против Сакраменто во дресот на Њу Орлеанс во победата од 114-106. Казинс брилјираше на мечот со 41 поен, неверојатни 23 скока и 6 асистенции. Најдобро го следеше Џру Холидеј со 20 поени и седум асистенции, а српскиот репрезентативец Богдановиќ за 25 минути на паркетот запиша 10 поени, дополнети и со 4 асистенции и два скока.

Ова за Сакраменто е четврти пораз од пет досега одиграни натпревари сезонава.

Дербито на вечерта во Милвоки му припадна на гостинскиот Бостон кого до триумф од 96-89 го воде Ал Хорфорд и Кајри Ирвинг.

Во преостанатите натпревари Чикаго дојде до прва победа сезонава славејќи против Атланта на домашен терен со 91-86, додека Мемфис беше подобар од Далас победувајќи со 96-91.

Се вчитува...