Ѓуроски: Ваквите натпревари треба да бидат празник за кошарката во Македонија

Крилото на МЗТ Скопје Аеродром, репрезентативецот Стојан Ѓуроски, е пресреќен што неговиот тим ја оствари втората победа во финална серија против Карпош соколи, па смета дека ваквите натпревари треба да претставуваат празник за кошарката.

„Среќен сум што победивме, бидејќи заслуживме. Вакви натпревари треба да се празник за кошарката во Македонија, штета што на крајот сето тоа се расипа со една недолична ситуација. Најважно е сега да се фокусираме за средбата која е за два дена, се надевам дека нема да има реприза од последното гостување во салата „Борис Трајковски“, туку дека ќе ја завршиме серијата и ќе го одбраниме трофејот“ – изјави Ѓуроски.

Се вчитува...