Гвардиола: За две седмици да го победиш Наполи двапати е неверојатно! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

Гвардиола: За две седмици да го победиш Наполи двапати е неверојатно!

Гвардиола: За две седмици да го победиш Наполи двапати е неверојатно!

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити игра одлично во Лигата на шампионите оваа сезона. Со триумфот над Наполи (2-4) во Неапол, успеа да се пласира во осминафиналето, а менаџерот Пеп Гвардиола е воодушевен од изданието на своите фудбалери.

„Да се победи Наполи двапати за две седмици е нешто неверојатно. Сега го сторивме тоа пред фантастична публика. Наполи има одличен тим и фантастичен тренер. Најмногу од се ме радува што успеавме да се вратиме во мечот, иако во првите триесетина минути не ’масакрираа’. Но, имавме одлична реакција по ова, и на крајот заслужено славевме. Среќен сум што се пласиравме во нокаут фазата, сега можеме да се насочиме многу посериозно кон искушенијата во Премиер – лигата“, изјави Пеп Гвардиола по синоќешниот триумф над Наполи.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.