„Постојат неколку спринтери кои можат да го урнат рекордот на Јусеин Болт“

Американскиот спринтер Кристијан Колман е убеден дека неколку тркачи се доволно брзи и дека некој наскоро ќе го собори светскиот рекорд на 100 метри на Јусеин Болт, кој е недостижен веќе 15 години.

Рекордот на 100 метри кој е во сопственост на легендарниот Усеин Болт е 9,58 секунди. Колман вели дека има неколку спринтери кои можат да го соборат.

„Ова е извонредно време, но искрено, чувствувам дека денеска се натпреваруваат многу момци кои не се толку далеку од тоа. Ако боговите на патеката дозволат, наскоро би можеле да видиме нов рекорд“, рече Колман. 

Се вчитува...