Хамилтон за скандалот со „рајските документи“: Околу мене е хаос! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Хамилтон за скандалот со „рајските документи“: Околу мене е хаос!

Хамилтон за скандалот со „рајските документи“: Околу мене е хаос!

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, се огласи во јавноста откако неговото име се појави поврзано со скандалот со прикривање данок, обелоденет во т.н. „рајските документи“. Тој истакна дека по скандалот околу него се направил хаос, но дека тоа нема да го наруши неговиот настап на трката во Бразил.

Во „рајските документи“, името на Хамилтон се појавува во даночните малверзации за затајување данок за неговиот приватен авион. Тој имал повраток на ДДВ во износ од 3.3 милиони фунти од вкупните 16.5 милиони колку што чинел авионот. Тоа се случило откако авионот на Хамилтон е увезен на островот Ман во 2013 година, објави „Индипендент“.

Околу мене моментно е вистински хаос. Се вртат многу различни приказни, но јас немам ништо да додам на целото тоа сценарио. Јас останувам фокусиран на моите обврски и вредности и ќе се обидам да ја освојам бразилската трка по втор пат во својот живот“ – изјави Хамилтон пред заминувањето за Сао Паоло.

Хамилтон со победата на претходната трка во Мексико веќе ја обезбеди четвртата шампионска титула во Ф1 шампионатот.

Трката за ГН на Бразил ќе се вози на 12 ноември на патеклата „Интерлагос“ во Сао Паоло.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.