Хамшик: Играме неверојатно, го сонувам „скудетото“

Капитенот на Наполи, Марек Хамшик, смета дека неговиот клуб треба да го освои долго очекуваното „скудето“, со оглед на напредокот што го бележи тимов во сите сегменти, резултатите кои ги остварија во последните неколку години, како и начинот на кој играат под водство на тренерот Маурицио Сари. Наполи чека 28 години за нова титула во Италија, а моментно по 20 кола во Серија А се наоѓа на лидерската позиција на табелата, со еден бод предност пред актуелниот првак Јувентус.

„Сонувам како го освојувам „скудетото“. Не само јас, сонуваат соиграчите, навивачите, претседателот Де Лаурентис. Исто така сметам дека во моментов играме неверојатно добар фудбал, секој кој знае и сака фудбал може да го види тоа, и мислам дека заслужуваме да бидеме шампиони“, истакна Хамшик.

Наполи во својата историја им освоено два шампионски трофеи, во 1987 и во 1990 година, кога во тимот го имаа легендарниот Диего Марадона.

Шампионатот во Серија А се враќа следниот викенд по петнаесетина дена пауза, а „наполитанците“ гостуваат кај разиграната Аталанта.

Се вчитува...