Икарди: Интер е мојот живот, најмили голови ми се против Јуве - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
30/03/2017 10:28
Интервју
29/03/2017 16:15
АвтоМото
29/03/2017 21:27
Кошарка
29/03/2017 20:47

Икарди: Интер е мојот живот, најмили голови ми се против Јуве

Икарди: Интер е мојот живот, најмили голови ми се против Јуве

Мауро Икарди е предводникот на Интер во обидот оваа екипа по неколкугодишна пауза да се врати во Лигата на шампионите. Голгетерот кој со својата автобиграфија пред извесно време беше во конфликт со навивачите успеа повторно да ги придобие нивните симпатии, па сега воопшто не размислува за заминување и покрај честите понуди од Премиер-лигата.

Интер е мојот живот во моментов. Тука сум четири години и не можам да опишам колку убаво се чувствувам, бев примен прекрасно од сите во клубот, ми беше дадена и капитенската лента. Во фудбалот никогаш не може ништо да се гарантира, но во моментов заминувањето одовде не е опција за мене. Погледите ми се насочени кон помагање на екипата да обезбеди излез во Европа следната сезона, а преку тоа и да се наметнам за да се вратам во аргентинската репрезентација“ – истакна Икарди.

Одличниот голгетер и сезонава редовно ги тресе противничките мрежи, а на прашањето кои голови му се омилени даде одговор што сигурно ќе им се допадне на навивачите на „нероаѕурите“.

Најмили голови ми се оние што му ги давам на Јувентус. Сепак, најубав од сите според мене е оној против Болоња, кога прекрасно погодив со удар надвор од шеснаесетникот“ – открива Мауро Икарди.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.