Инсиње ќе продолжи со Наполи до 2022 година

Италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиње ќе го продолжи договорот со Наполи до 2022 година, информираат медиумите на Апенините. Офанзивниот играч за врска, кој многу често игра и на крилните позиции, ги договорил деталите околу продолжување на соработката со претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис. Во наредните неколку дена се очекува договорот и официјално да биде потпишан и Инсиње да се ’заколне’ на верност за уште пет сезони.

Согласно новиот договор, Инсиње ќе се заработува 4,5 милиони евра годишно, а ќе има и дополнителни бонуси во зависност од личните постигнувања, но пред се тимските успеси на Наполи. Оваа сезона Инсиње има постигнато 14 гола за „наполитанците“ во Серија А и веќе го надмина остварувањето од минатата година (13).

Се вчитува...