Ивица Обрван си заминува од Шамбери

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, ја напушта клупата на Шамбери. Од францускиот тим информираа дека по задничкиот договор за прекинување на соработката со хрватскиот стратег, нов тренер на тимот од следната сезона ќе биде Ерик Мате, кој моментно е помошник тренер на Патрис Канаје во Монпелје.

Обрван ќе биде на клупата на Шамбери до почетокот на април, а во преостанатите натпревари до крајот на сезоната тимот ќе го води неговиот сегашен помошник, Лоран Буселие.

„Направивме многу во изминативе три години. Ги исполниве нашите цели, стигнавме до Ф4 во Купот на ЕХФ за прв пат во историјата на клубот и успеавме со осми-девети буџет во Франција, секоја година да играме во Европа. Оваа сезона е малку покомплицирана и затоа со раководството на клубот спогoдбено решивме да ја завршиме нашата соработка. И мене и на клубот ни требаат нови предизвици“ – изјави Ивица Обрван.

На крајот на минатат сезона од Шамбери си замина и македонскиот тренер Данило Брестовац кој две сезони му беше помошник на Обрван во францускиот тим со кој стигнаа до Ф4 во Купот на ЕХФ што е најголем успех на клубот во европските купови. Но, намалениот буџет во последниве две сезони ги намали и амбициите на клубот од кој си заминаа и поголем дел од играчите што беа носители на играта.

Се вчитува...