Извонреден успех на младите Стојанова и Стоилковски на тенискиот турнир во Улцињ

Македонските јуниори до 12 години забележаа извонреден успех на „Тенис Европа“ турнирот до 12 години, „Белви куп 2017“ кој се играше изминативе денови во Улцињ, Црна Гора.

Јана Стојанова запиша феноменален свој настап стигнувајќи до трофејот на турнирот во женска конкуренција откако во финалето славеше против Ања Петковиќ со 6-1,6-2. Претходно, во полуфиналето славеше и против Емилија Здравковиќ со 7-5,6-1.

Марко Стоилковски, пак, стигна до финалето од машкиот турнир каде за жал загуби од Бранко Ѓуриќ со 1-6,1-6. Претходно во полуфиналето беше поуспешен од Михаил Неверов со 7-6(3),6-3.

До четвртфиналето на турнирот стигна и Лука Јанкуловски, додека во второто коло беа елиминирани Борјан Николовски и Филип Стојановски. Ива Данева и Клара Кокев загубија во првото коло на главниот турнир во женска конкуренција.

Се вчитува...