Јане на Погба му подари дрес од Вардар и уживаше во обиколката на „Олд трафорд“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Малиот херој Јане Велковски, момчето кое боледува од мускулна спинална атрофија, беше гостин на Пол Погба на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Манчестер јунајтед и Севилја на „Олд трафорд“. На гости не се оди со празни раце, па Јане му подари дрес од Вардар на Пол Погба со неговиот број „6“ и му порача дека многу би сакал некогаш во кариерата да го облече дресот на македонскиот шампион.

Јане и неговото семејство поминаа прекрасни мигови на „Олд трафорд“. Синоќа уживаа во ВИП – ложата на Погба заедно со неговото семејство, а денеска имаа комплетна обиколка на стадионот „Олд трафорд“. Утре Јане ќе го напушти Манчестер полн со импресии и ќе се врати во Македонија.

 

Се вчитува...