Јаневски пред промоција на клупата на ФК Вардар

Поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски треба да го преземе кормилото на ФК Вардар, по изненадувачката оставка на Гоце Седлоски од клупата на најтрофејниот македонски клуб која доаѓа во апсолутно погрешен момент, на само два дена пред плеј-оф квалификацискиот натпревар за Лигата на Европа против Фенербахче.

Според нашите информации, веќе е договорена соработка со Јаневски кој се очекува да го преземе кормилото на клубот во новата сезона.

Останува неизвесно единствено дали ќе се остави Александар Васоски да го води тимот на квалификацискиот натпревар во четврток против Фенербахче на „Телеком арената“, или можеби Јаневски ќе биде промовиран како нов тренер пред тоа. Согласно шпекулациите, договорот е Јаневски официјално да биде промовиран како нов шеф на стручниот штаб по дуелите со Фенербахче.

Во игра за нов тренер на Вардар изминативе денови се спомнуваше и Ѓоко Хаџиевски кој, како што е познато, пред три години беше спортски директор на клубот во периодот кога на тренерската клупа беше Сергеј Андреев.

Се вчитува...