Крилото што го бараше Ливерпул се сели во Астон Вила

Финишот на преодниот рок носи уште еден изненадувачки трансфер, откако крилниот фудбалер на ПСЖ, Ибрахим Мбаје, го договори трансферот во редовите на Астон Вила.

За сенегалскиот тинејџер дваесетина дена интензивно преговараше Ливерпул, но „црвените“ одбивааа да платат ниту приближно до 60-те милиони евра што ги бараше раководството на ПСЖ.

Астон Вила ја загуби трката по Леао, па Унаи Емери и клупските директори побрзаа да го осигураат потписот на Мбаје, договарајќи трансфер вреден загарантирани 55 милиони евра.

ПСЖ даде зелено светло, а 18-годишниот Сенегалец во следните 24 часа ќе допатува на „островот“, на лекарски прегледи и потпис со Вила.

Се вчитува...