Серијата одлични резултати на Охрид летово продолжи и на најновиот предизвик во регионалната лига откако македонскиот тим славеше со 28-30 на гостувањето против Динамо Панчево. „Сино-белите“ ја оправдаа фаворитската улога покажувајќи карактер и враќајќи се во мечот откако Динамо беше тимот што прикажа подобра игра во првото полувреме.
Стартот беше во знакот на српскиот состав, кој отвори одлично поведувајќи со 8-4, Ројевиќ побара тајмаут, но тимот од Панчево одржуваше контрола водејќи со 11-7, последен пат и со 15-11. Охриѓани подобро го завршија полувремето намалувајќи на 15-13, а потоа преку Мате набрзина израмнија на 15-15 на стартот од вториот дел.
Мате со нов погодок донесе водство од 18-19. по што Охрид почна да го контролира резултатот. Домашниот тим парираше до 27-28, кога Савревски и Стрмљан со два гола во низа практично го решија победникот на овој натпревар, што заврши со конечните 28-30.
Новото засилување Мате беше најзаслужен за победата со осум погодоци, додека по пет гола за Охрид постигнаа Савревски и Стрмљан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
