Моќен Алкалоид: Со 54 гола до прва победа во регионалната лига

Алкалоид во голем стил стигна до својата прва победа во регионалната лига откако вечерва убедливо го совлада тимот на Ловќен со 54-37. Избраниците на Кире Лазаров експресно го оставија зад себе разочарувачкиот пораз од Партизан од пред неколку дена, па денеска одиграа перфектен напад и до врв ја наполнија мрежата на гостите од Црна Гора.

„Сино-белите“ одлично отворија, поведоа со 15-6, а првото двоцифрено водство го имаа со 21-11. На одмор се замина со плус десет за Алкалоид (27-17), по што Алкалоид продолжи да доминира до самиот крај, славејќи со огромни 17 гола предност.

Во голеадата во Автокоманда најмногу се истакна Урош Борзаш со осум постигнати голови, по седум постигнаа Цехте, Петковски и Емилјан Ѓорговски.

Се вчитува...