Кој ќе го води Металург во сабота – Червар на трибини, Јовиќ на клупа

Тренерот на Металург, Александар Јовиќ истакна дека шефот на стручниот штаб Лино Червар ќе биде на трибините во саботната пресметка на Металург против украински Мотор во Лигата на шампиони.

„Лино Червар е во Скопје, него го сметам за мој учител и ментор и оваа недела тренираше со нас заедно.  Сметам дека тој е  тренер и човек со големо искуство и со голема енергија, која ќе ни биде од полза и за нас и за тренерите и за играчите. Ние ќе ги водиме натпреварот, а Лино ќе биде на трибини и секој совет од него ќе биде добредојден“, истакна Јовиќ.

Се вчитува...