ЈСП и Лукоил во финалето на Бизнис-лигата

Вечерва на програмата во Бизнис-лигата беа двете полуфинални средби:

Алаѓозовски со два гола во второто полувреме го однесе Лукоил во финалето

Лукоил 2-1(0-1) ЕЛЕМ

Лукоил: Мартин Алаѓозовски 30’ 37’

ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 7’

lukoil polufinale

Првиот полуфинален дуел го одиграа екипите на Лукоил и ЕЛЕМ. И двете екипи уште на самиот старт играа доста затворено чекајќи грешка на ривалот како би можеле преку контра напад да го загрозат противничкиот гол. Прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ преку Ничевски, кој беше голман играч во 7 минута донесе водство од 0-1. Во текот на целото прво полувреме ЕЛЕМ го задржа водството не дозволувајќи му на Лукоил да израмни па полувремето заврши 0-1 во корист на ЕЛЕМ.Во второто полувреме се играше идентично се до втората половина на полувремето кога екипата на ЕЛЕМ го искористи падот на концентрацијата кај ЕЛЕМ и преку Алаѓозовски во 30 минута успеа да израмни на 1-1. Лукоил беше настојчив играјќи нешто поотворено и го искористи вечерва расположениот Алаѓозовски преку кој во 37 минута дојде до водство од 2-1, резултат со кој го доби овој натпревар и влезе во финалето на Бизнис Лигата на Македонија.

ЈСП со пресврт до победа над Рамстор и влез во финалето

ЈСП 3-2(1-2) Рамстор

ЈСП: Сабит Хусеини 17’ Даниел Антовски 23’ Љупчо Павловиќ 34’

Рамстор: Ведат Арслан 5’ 13’

jsp slavi

И двете екипи го започнаа полуфиналето во доста брз и отворен фудбал со целосен акцент на играта во нападот. Прва дојде до водство екипата на Рамстор уште во раната фаза од натпреварот кога преку Арслан во 5. минута поведе со 0-1, по што следеше уште една одлична серија на Рамстор кога Арслан повторно стрелаше во 13 минута за водство од 0-2. Во самиот финиш од полувремето ЈСП преку Хусеини намали на резултат од 1-2. Во второто полувреме и двете екипи играа позатворен фудбал игра која повеќе му одговараше на ЈСП кој во 23 минута преку Атанасовски успеа да израмни на 2-2, за да во самиот финиш преку Павловиќ поведе со 3-2, што се покажа како конечен резултат на оваа средба.

Се вчитува...