Кадетите загубија од Израел на стартот од турнирот во Романија

Машката кадетска репрезентација на Македонија загуби од Израел со 27-29 на стартот од Меѓународниот пријателски турнир во Васлуи, Романија.

И покрај тоа што македонската селекција имаше водство од дури пет гола предност во текот на првото полувреме, сепак дозволивме со пресврт Израелците на крајот да дојдат до победата.

Избраниците на Никола Матлиески, кој го водеше тимот во отсуство на Данило Брестовац, на полувремето заминаа со предност од 16-12, но со значителен пад во ритамот се дозволи Израел во вториот дел се дозволи противникот да стигне до триумф.

Утре македонската репрезентација ја очекува мечот со домаќинот Романија, а во недела е и последниот меч на турнирот против Украина. Кадетската селекција се подготвува за настапот на ЕХФ шампионатот кој во јули следната година се игра во Грузија.

Се вчитува...