Како да изберете половно возило

Купувањето на користен автомобил е исто како барање на игла во сено. Насекаде може да се најдат одлични зделки и со развојот на интернетот додатно се зголемија опциите како да се најде соодветното возило. Затоа секојдневно се зголемуваат шансите да се купи половен автомобил, но мора да се знаат неколку работи за да се оствари најдобриот избор.

Одредете буџет и дилер

Постојат само неколку начини како да се купи половно возило, а тоа е да се плати во кеш или да се земе кредит или лизинг. Проблемот што повеќето луѓе го прават е што купувајќи во кеш не ги калкулираат непредвидените трошоци како поправка на возило, регистрација на истото или слично. Ваквите трошоци многу често доаѓаат ненадејно затоа што често купувањето на половен автомобил не се реализира преку правни лица кои имаат докажано реноме за продажба на возила и истите најчесто се случуваат кога се купува возило од непроверен извор. Најчест е случајот кај возилата купени од бугарскиот и италијанскиот пазар затоа што покрај ниската цена се кријат трошоци поради непознавањето на историјата на возилото.

Воедно, доколку некој сака да купи половно возило на лизинг или кредит истото може да го купи само од правно лице кое го овозможува тоа. Иако оваа опција изгледа ограничувачки сепак постојат одредени придобивки во истата. Правното лице кое искрено се грижи за задоволството на своите клиенти набавува возила од квалитетни пазари и со проверена сервисна историја.

IMG_7520

Поставете ги вистинските прашањаСекогаш кога се бара половно возило постојат неколку прашања кои треба да се клучни за секој купувач:

  • За која цел било користено возилото во минатото?
  • Колку километри има поминато возилото?
  • Колкава е потрошувачката во разни околности?
  • Дали сте прв или втор сопственик на возилото?
  • Дали автомобилот претрпел некоја хаварија или сообраќајна несреќа?
  • Дали сите системи на автомобилот функционираат?
  • Дали и каде е возилото редовно сервисирано?
  • Кога е извршен последниот сервис на возилото и што е сервисирано?
  • Зошто се продава возилото?
  • Дали може за возилото да се добие некаква гаранција од продавачот?
  • Дали возилото може во секое време да се купи назад? (со евентуална доплата за друго возило)
  • Дали возилото може да се купи на кредит, лизинг?
  • Дали може да се однесе до овластен сервисер?

Овие прашања имаат за цел да се дознаат клучни информации за состојбата на возилото и на нивото на грижа кое е посветено на истото. Ако возилото е набавено од квалитетен пазар како германскиот или францускиот, за разлика од бугарскиот или италијанскиот, истото со малку грижа од претходниот сопственик е во одлична состојба. На квалитетните пазари постојат проценители и сервисери кои гарантирано продаваат квалитетни половни возила.

IMG_4638

Детална инспекција на возилото

Пред воопшто да го стартувате возилото најпрво мора да погледнете под него за да проверите за корозија. Оваа проверка е клучна затоа што ја детерминира целокупната состојба на возилото. Доколку возилото е опфатено со корозија значи дека не е одржувано и дека со тек на време ќе наидете на најголемите трошоци, а тоа се поправање на каросеријата. Проверете ги и гумите и бандажите затоа што тие се показател за тоа дали постојат проблеми со амортизацијата и центрирањето на тркалата. Ако возилото е на преден погон и едната гума е поизлижана од другата тоа е сигурен доказ дека постојат механички проблеми. Проверете ја надворешноста и барајте знаци кои покажуваат дека автомобилот е префарбан затоа што тоа е најдобриот показател дека некој се потрудил со нова боја да прекрие одредена штета. Детално проверете ја и внатрешноста затоа што опфаќа најмногу мали делови кои покажуваат колку претходниот сопственик се грижел за возилото и со тоа колку го задржал квалитетот на возилото. Погледнете под хаубата без разлика дали имате големо познавање од механиката на возилото. Доколку самите жици кои поврзуваат разни делови не се убаво подредени тоа значи дека моторот или другите делови на возилото биле поправани во минатото.

Тест возење, тест возење и тест возење!

Овој дел од барањето на половно возило е истовремено најзабавно и најклучно дали да се купи автомобилот. Многу често постојат луѓе кои на прв поглед се заљубуваат во возилото без да го тестираат на патот и можно е веднаш после купувањето да воочат одредени недостатоци како тропања во возилото, слаби перформанси и неудобно управување во текот на возењето. Прво и основно е да ја испланирате рутата зависно од целта за која ќе го користете возилото. Доколку со него планирате да одите на работа движете се по патот кој води до работното место. При првото стартување на возилото внимателно слушајте дали моторот звучи како што треба. Проверете ги контролите затоа што тие се индикатори за недостатоци во електронските системи, посебно во модерните возила. Проверете ги бришачите, светлата, радиото и климата. Во различен редослед проверете го менувачот, кочниците, центрирањето, издувните гасови и најважно од се слушајте. Возилото ги издава сите недостатоци преку неочекувани и чудни звуци во тек на работењето.

Една од најважните работи во купувањето на автомобил е да се донесе информирана одлука и затоа служат предложените чекори за избор на возило. Тоа никаде не е полесно отколку во правните лица и дистрибутери како Олимпија моторс аутлет каде возилата се набавуваат од најдобрите пазари за автомобили како Германија, Франција итн и каде секој детал за возилото е познато. Многу често, поради разни фактори, луѓето одлучуваат да купат возило од соседниот пазар, од Бугарија каде што постојат бројни ризици за купување на возило. Тоа главно се случува поради недостатокот луѓето да бидат запознаени со возилото кое разгледуваат. Воедно, доколку некој е во потрага по возило во соседна држава многу често да е во брзање и затоа носи избрзана одлука која евентуално може да се покаже како погрешна.

logo

Во официјалниот мултибренд аутлет за половни возила ОМО – Olympia Motors Outlet секој заинтересиран може да направи избор од тековните половни автомобили кои што се на располагање во нивниот салон или да изврши посебна нарачка на одреден модел. 80% од автомобилите се увезуваат од странски пазар, од Германија ,Франција, Холандија со цел да се обезбеди поголем квалитет и сигурност на самите автомобили. Можете да го одберете Вашиот модел на официјалните страни на Olympia Motors Outlet.

Комерцијален текст

 

Се вчитува...