Каменица револтиран: За Пелистер не се игра кукавички! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
26/04/2017 22:45
Кошарка
26/04/2017 21:38
Кошарка
26/04/2017 20:49
Ракомет
26/04/2017 19:27

Каменица револтиран: За Пелистер не се игра кукавички!

Каменица револтиран: За Пелистер не се игра кукавички!

Пелистер загуби со 28-24 од Охрид во дербито на стартот од вториот дел во шампионатот на Македонија, дозволувајќи охриѓани да се израмнат на врвот од табелата во Суперлигата.

Тренерот на Пелистер, Касим Каменица сосема очекувано беше незадоволен по средбата, потенцирајќи го лошото издание на неговите ракометари.

„За Пелистер никогаш не се игра кукавички. А ние одигравме баш така во Охрид. Одигравме слаб натпревар, и покрај желбата пред мечот за храбра игра на победа. Апсолутно не бевме на ниво на еден ваков дерби натпревар и затоа Охрид сосема заслужено дојде до победата. Не може да се има позитивен резултат кога не можете да погодите и со играч повеќе“ - истакна Каменица по поразот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.