Картер го престигна Ајверсон на вечната листа во НБА

Ветеранот на Менфис, Винс Картер се искачи на 23.место на листата на најдобрите стрелци во НБА лигата на сите времиња. Со петте поени постигнати на мечот против Њу Орлеанс, Картер го престигна легендарниот Ален Ајверсон.

Винс Картер сега има 24.371 поен, а Ајверсон има три помалку. Следен на вечната листа пред Картер е Реј Ален со 24.505 поени.

Најефикасен игра на сите времиња во НБА е Карим Абдул Џабар со 38.387 поени, втор е Карл Мелоун со 36.928, трет е Коби Брајант со 33.654, а по него следуваат Мајкл Џордан со 32.292 и Вилт Чемберлен со 31.419 поени.

Од активните играчи, Дирк Новицки е на 6.место со 29.907, Леброн Џејмс е осми со 28.178, а Пол Пирс е на 16.место со 26.364 поени. Во Топ 25 е и Кармело Ентони.

Се вчитува...