Касилјас: Ако Буфон се повлекува на 40, јас ќе бранам до 41 - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Касилјас: Ако Буфон се повлекува на 40, јас ќе бранам до 41

Касилјас: Ако Буфон се повлекува на 40, јас ќе бранам до 41

Икер Касилјас си постави цел да брани една година подолго од својот пријател Џанлуиџи Буфон. Легендарниот италијански голман најави крај на кариерата после Светското првенство во Русија наредната година, кога ќе биде веќе во петтата деценија од животот. Но, Италија прво треба да ја помине Шведска во баражот за СП 2018.

За 36-годишниот Касилјас пак, долгиот век на голот на Џиџи Буфон е инспирација и предизвик.

„Се приближува крајот и на мојата кариера. Но, ако Буфон може да брани до четириесеттата…јас ќе си поставам предизвик – да се повлечам барем една година подоцна од  Џиџи. За да имам една година подолг стаж од него“ – во шега најави Касилјас.

Шпанскиот голман од 2015 година е на голот на Порто, но во јануари се очекува да ја смени средината, а како потенцијална дестинација се споменува Ливерпул.

Пред да се пресели во Порто, Касилјас со Реал Мадрид и со репрезентацијата на Шпанија, освои се што можеше да се освои, а во изминативе две сезони на голот на Порто имаше седум натпревари повеќе во кои ја сочува својата мрежа во однос на сите други голмани во Португалија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.