Кавани и Нејмар – ПСЖ го реши Монако!

И Монако се најде „сомлен“ од машинеријата на ПСЖ во францускиот шампионат. Во дербито на 14. коло во Лига 1, ПСЖ дојде до гостинска победа од 1-2 против Монако со која само дополнително си ја зацврсти позицијата на врвот од табелата во трката за годинашната шампионска титула.

Тимот од Париз победата ја најави преку Кавани во 19. минута, а Нејмар во 52. минута од пенал зголеми на 0-2.

Домашните успеаја единствено преку Мутињо во 81. минута да го ублажат поразот.

ПСЖ по оваа победа сега има 38 бода на врвот, дури девет повеќе од Монако и Лион кои се на делба на втората позиција.

Се вчитува...