Кавани и Нејмар…, ПСЖ со „петарда“ за Стразбур

Францускиот шампион ПСЖ славеше убедливо со 5-2 против Стразбур во 26. коло од Лига 1.

Гостите поведоа со голот на Ахолу во 6. минута, но само колку да ги налутат Нејмар, Кавани и компанија кои потоа постигнаа пет погодоци. Веќе до 22. минута со головите на Дракслер, Нејмар и Ди Марија, тимот од Париз водеше со 3-1, а во второто полувреме два гола постигна Кавани за конечни 5-2.

По овој триумф, ПСЖ со 68 бода е добро зацврстен на врвот со 12 бода повеќе од второпласираниот Монако.

Се вчитува...