Кавани на лето доаѓа во Јунајтед?

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти Пари Сен Жермен, а негова следна дестинација треба да биде Премиер – лигата. Медиумите на Островот најавуваат спектакуларен трансфер според кој тој би се преселил во редовите на Манчестер јунајтед.

Иако има актуелен договор со ПСЖ до 2020 година, Кавани најавил до раководството на ПСЖ дека сака да си замине, затоа што не се чувствува лагодно покрај Нејмар во тимот. Тие двајца имаа проблеми и караници на самиот терен околу тоа кој да изведе пенал, а победи Бразилецот, кој потоа заработи повреда на стапалото, замина на операција и нема да игра до крајот на сезоната. Но, Кавани не сака да биде во ист тим со Нејмар и следната сезона.

Пари Сен Жермен ќе мора ионака да продава неколку фудбалери ова лето за да го задоволи финансискиот фер-плеј, а Единсон Кавани би можел да донесе околу 60 милиони евра во клупската каса.

Се вчитува...