Кире Ристевски, по ‘слалом продор’, стрелаше за Вашаш (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски постигна убав погодок за унгарскиот Вашаш, но неговиот тим на крајот сепак загуби пред домашните навивачи со 2-3 од Халадаш во последниот натпревар од 23. коло во унгарската Прва лига.

Ристевски погоди по еден слалом продор, во стил на расен стрелец, во 47. минута за, во тие моменти, израмнување на резултатот на 1-1…

Вашаш по овој пораз остана на третата позиција на табелата со 38 бода, три помалку од второпласираниот Хонвед, и шест помалку од водечкиот Видеотон.

Се вчитува...