Ајла и Киргиос – „Убавицата и ѕверот“ (ФОТО)

Со него никогаш не е здодевно. Некогаш ќе дозволи со смешни игри целиот тениски свет да му се смее, вторпат со топче ќе го гаѓа судијата, следен пат со навреди кон колегите… Но, кога е во друштво на Ајла Томљановиќ секогаш е кроток како маче. Велат, што Ајла ќе каже тоа „ѕверот“ Ник Киргиос прави.

ajlaАвстралиецот со грчко потекло, Ник Киргиос секогаш е атрактивен за јавноста. Сега заедно со својата Ајла беа ѕвезди и на одморот во Хрватска…

Откако на турнирот во Акапулко го победи Новак Ѓоковиќ, веднаш се пофали дека на десната рака го истетовирал името на Ајла. 17-от тенисер во светот, кој има само 21 година, е две години помлад од загрепчанката Ајла, ќерка на поранешниот хрватски ракометен репрезентативец Ратко Томљановиќ.

Откако е со Ајла, Ник е комплетно променет на подобро. Претходно, како што е познато, заработи и казна од 25.000 долари од АТП поради навредите кон девојката на Станислас Вавринка, хрватската тенисерка Дона Векиќ.

ajla 2

„Ја заслужив таа казна. Очигледно е дека сум млад и некои работи се уште ги учам. Сега мора да се однесувам согласно правилата, но едно е сигурно дека нема да играм без емоции“ – рече тогаш Киргиос.

Се вчитува...