Кливленд не се предава, спречи „метла“ од Голден стејт

Шампионот Кливленд не дозволи„метла“ од Голден стејт во финалето од НБА-лигата, откако кавси предводени од Леброн Џејмс славеа со убедливи 137-116, намалувајќи ја предноста на противникот во оваа финална серија на 3-1.

Свесни дека пораз ќе значи и крај на сезоната за нив, актуелните прваци одиграа фантастично. Во главна улога беа нивните тројца клучни играчи, Леброн Џејмс, Кајри Ирвинг и Кевин Лав, кои заедно постигнаа вкупно 94 поени. Со овој триумф, Кливленд го спречи Голден стејт да стане прва екипа во историјата со перфектни 16-0 во еден плејоф, откако „воините“ имаа 15 победи во низа до денешниот пораз.

Кајри Ирвинг беше најефикасен со 40 поени, Леброн Џејмс стигна до 31 поен, 10 скока и 11 асистенции, негов деветти трипл-дабл во финалните натпревар со што „кралот Џејмс“ го урна досегашниот рекорд на Меџик Џонсон. Кевин Дурант беше најдобар поединец кај Голден стејт со 35 поени, но затоа потфрли Стеф Кари со скромни 14 поени.

Се вчитува...