Кој е најубав гол за 2016/2017: Во игра Жиру, Манџукиќ, Матиќ…

ФИФА покрај финалистите за наградата „The Best“ денеска ги објави и кандидатите за наградата „Ференц Пушкаш“, што се доделува на играчот кој го постигнал најубавиот гол на фудбалските терени ширум светот.

Конкуренцијата и годинава е огромна, тука е „шкорпија голот“ на Оливие Жиру од Арсенал против Кристал палас, потоа ремек-делото на Марио Манџукиќ во финалето од ЛШ, неповторливиот гол со ножички на голманот Оскарин Масулуке од Јужна Африка, извонредната акција на Селтик крунисана со гол од Муса Дембеле…

Погледнете ги десетте финалисти и изберете го вашиот фаворит.

Се вчитува...