„Кралевите“ го освоија Истанбул

Реал Мадрид успеа да слави вредна победа (77-79) на гости против Фенербахче, нанесувајќи му го третиот пораз во Истанбул во Евролигата оваа сезона. „Кралевите“ беа поснаодливи во неизвесниот финиш и се одбранија во последниот напад. Вонамејкер имаше можност да израмни и да го одведе мечот во продолжение, но неговиот шут кон кошот на Реал Мадрид не заврши на посакуваното место.

Тимот на Пабло Ласо клучната предност ја оствари во втората четвртина која ја доби со осум поени разлика (19-27). Во победничкиот тим, Лука Дончиќ беше стрелец на 20 поени, а Фелипе Рејес и Треј Томпкинс додадоа по 13.

Бред Вонамејкер постигна 20 поени во дресот на Фенербахче, но не го реализираше последниот напад на својот тим.

Жалгирис го совлада Олимпијакос на домашен терен со 73-68. Артурас Милакнис со 14 поени и Кевин Пангос го предводеа домашниот состав до триумф.

Се вчитува...