„Кралот“ на колена: И Виљареал му „зеде мерка“ на Реал… (ВИДЕО)

Продолжува очајот на Реал Мадрид во шпанската Примера. И трет едноподруго натпревар „кралевите“ не може да дојдат до победа, овој пат доживувајќи вистински шок преку поразот на „Сантијаго Бернабеу“ од Виљареал со 0-1.

По претходните пораз и реми, „кралскиот клуб“ сега загуби во самиот финиш од мечот по голот на Форналс во 87. минута од средбата.

Виљареал по оваа победа, со 31 бод, се доближи на само бод од Реал Мадрид кој остана на четвртата позиција со 32 бода, дури 16 помалку од водечката Барселона.

Се вчитува...