Криштопанс: Од Вардар добив понуда што не се одбива - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/06/2017 23:11
Фудбал
23/06/2017 22:38
Фудбал
23/06/2017 22:44
Ракомет
23/06/2017 21:27

Криштопанс: Од Вардар добив понуда што не се одбива

Криштопанс: Од Вардар добив понуда што не се одбива

Десниот бек на Мешков Брест, Џанис Криштопанс (27), од следната сезона ќе го носи дресот на Вардар. Летонскиот џин (215 см.) доаѓа како замена за Алекс Душебаев кој заминува во Кјелце. Во интервју за полскиот портал „Спортове факти“, Криштопанс вели дека воопшто не се двоумел околу својот трансфер во редовите на македонскиот шампион, затоа што за него тоа била понуда што не се одбива.

Вардар ми даде одлична понуда. За мене ова е можност да се развивам како играч и да напредувам. Мислам дека тоа е вистинското место каде што може да се добие повеќе искуство и да растам како играч. Имав повеќе понуди, но Македонците беа најконкретни, па одлуката за неме воопшто не беше тешка“ – вели Џанис Криштопанс.

Десниот бек на репрезентацијата на Летонија, кариерата ја почна во домашниот Латголс, шест години потоа настапуваше за Татран Прешов, извесно време мина и во редовите на катарскиот Ал Рајан, а од 2015 година го носи дресот на Мешков Брест.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.