Куманово испрати жалба, Мијатовиќ го пропушта и Кожув - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
28/05/2017 0:45
Останато
27/05/2017 13:45
Ракомет
27/05/2017 19:34
Останато
27/05/2017 15:20

Куманово испрати жалба, Мијатовиќ го пропушта и Кожув

Куманово испрати жалба, Мијатовиќ го пропушта и Кожув

Данило Мијатовиќ ја доби првата рунда од правната битка со Куманово, но „сино-белите“ не се откажуваат и во текот на денешниот ден ќе испратат и официјална жалба на одлуката на Регистрациската Комисија за раскин на договорот меѓу нив и српскиот интернационалец. Мијатовиќ „во цивилка“ го следеше синоќешниот дуел меѓу МЗТ Скопје и Фени индустри, а српскиот крилен центар нема да може да настапи ниту на саботното гостување против Кожув бидејќи правната пресметка меѓу него и Куманово ќе се продолжи и во текот на следната седмица.

Имено, од таборот на кумановци најавуваат дека жалбата е испратена во текот на денешниот ден согласно предвидениот рок, но е доставена преку пошта, така што нема никакви шанси за истата да се заседава пред мечот Кожув – МЗТ, на кој „металците“ повторно нема да можат да сметаат на Мијатовиќ.

Дури и доколку бидат одбиени од „Арбитража“, челниците на Куманово за понеделник најавуваат тужба до Спортскиот Суд на МОК, така што сагата околу српскиот кошаркар сигурно ќе продолжи и во периодот што следи.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.