Куп на Македонија: „Шестки“ на Академија Пандев и Силекс, дербито на Истокот за Брегалница

Битолски Пелистер со победа од 1-3 на гостувањето против Беласица во Турново во 1/16-финалето од Купот на Македонија ја почна одбраната на титулата во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Покрај „пелистерци“ немаше проблем и за останатите прволигаш на патот до осминафиналето во Купот на Македонија. Најголеми проблеми имаше Шкупи кој, откако на двапати имаше негатива од 1-0 и 2-1, на крајот со пресврт успеа да стигне до победа од 2-4 на гостувањето против Зајази. Ренова славеше на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци со 0-1, со голот на Темелков во пенал уште од 11. минута.

Победа, пак, убедливо со 0-4 (0-2) славеше против Плачковица во Радовиш. Стрелци на головите за прилепчани беа Мустафов, Шаркоски, Гешоски и Маневски.

Убедлива беше и Академија Пандев која во скопската населба Драчево го совладаа ССК Нова со 0-6 (0-3). Хет-трик постигна Мишов, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Балдовалиев, Темелков и Стоилов.

Силекс без проблеми славеше против Могила Бимилк со 0-6 (0-2). Два гола за прволигашот постигна Антонио Бујчевски и Тимов, a по еден Ѓорѓиев и Благојевиќ. Убедлив беше и амбициозниот второлигаш Борец од Велес кој со 4-0 пред своите навивачи го победи Велазерими.

Тетекс ќе игра во осминафиналето откако со 2-1 го победи Хоризонт Турново, а понатаму продолжува и Брегалница која во дербито на Истокот славеше во Кочани против новиот второлигаш Осогово со 1-2 (1-2). Здравков и Ристе Наумов беа стрелци на головите за штипјани, а Манев погоди за Осогово.

Најефикасно беше во Неготино каде Еуромилк ГЛ со 3-5 славеше против домашниот Вардар.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ

Беласица – ПЕЛИСТЕР 1-3

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – Македонија ЃП 1-0

БОРЕЦ – Велазерими 4-0

Могила – СИЛЕКС 0-6

Осогово – БРЕГАЛНИЦА 1-2

Плачковица – ПОБЕДА 0-4

ССК Нова – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-6

ТЕТЕКС – Хоризонт Т. 2-1

Зајази – ШКУПИ 2-4

Тиквеш – РЕНОВА 0-1

Вардар Неготино – ЕУРОМИЛК ГЛ 3-5

КОЖУФ – Новаци 1-1 (7-6 на пенали)

  • РАБОТНИЧКИ И СКОПЈЕ ДИРЕКТНО СЕ ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО
  • Вардар и Шкендија, поради европските обврски, своите натпревари ќе ги играат на 30. август

Се вчитува...