Куп: Пелистер владее со Пелагонија, триумфи и за Ренова и за Академија Пандев - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

Куп: Пелистер владее со Пелагонија, триумфи и за Ренова и за Академија Пандев

Куп: Пелистер владее со Пелагонија, триумфи и за Ренова и за Академија Пандев

Пелистер ја совлада Победа со 5-2 и направи три чекори напред кон пласман во полуфиналето на Купот на Македонија. Во таа насока одат и Ренова и Академија Пандев, кои славеа триумфи со два гола разлика против своите ривали, во пресрет на реваншите.

Ренова во Тетово го победи Скопје со 2-0, а Академија Пандев беше подобра на гости против второлигашот Тетекс, со 0-2.

Пелистер беше разигран под „Тумбе кафе“. Иве Трифуновски во 14.минута не реализира пенал, но тоа не ги поколеба „пелистерци“, иако Победа прва стигна до водство со голот на Ристевски. Но, потоа следеа два гола на искусниот Гоце Тодоровски за водство на битолскиот тим. Возбудливиот прв дел кулминираше со израмнувањето на Наумоски од пенал.

Во вториот дел, играше само Пелистер. Оливер Пеев повторно донесе водство, а Лукас со два гола обезбеди предност од убедливи 5-2 пред реваншот во Прилеп.

Ренова има предност од 2-0 во дуелот со Скопје. Филип Петковски и Стефан Костов во завршницата од мечот обезбедија солидна предмост за „гипсарите“.

Академија Пандев со предност од 0-2 се враќа во Струмица, во пресрет на вториот меч против Тетекс. Мишов во 35. минута го отвори резултатот за 0-1, додека во 83. минута Балдовалиев ги постави конечните 0-2.

Реванш натпреварите од четвртфиналето во Купот на Македонија се играат на 29. ноември.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.