Лајпциг го следи Баерн: Убедлив триумф над Ајнтрахт Франкфурт

Лајпциг не се откажува од трката за шампионската титула во Бундес-лигата. Вечерва на домашен терен убедливо го совлада Ајнтрахт Франкфурт со 3-0 и повторно е на само три бода негатива во однос на лидерот Баерн Минхен на врвот на табелата во германскиот шампионат.

Гостите уште од третата минута останаа со играч помалку по исклучувањето на голманот Храдецки, а Лајпциг тоа знаеше да го искористи. Компер од слободен удар го отвори резултатот во шестата минута, Вернер зголеми на 2-0 пред самиот крај на првиот дел, а во второто полувреме Хезус Ваљего си постигна автогол, за убедлива победа на Лајпциг.

Се вчитува...