Леброн се изнервира, па си „зеде“ пиво среде натпревар… (видео)

Леброн Џејмс беше актер на интересна ситуација во првиот натпревар од полуфиналето на Истокот во НБА лигата меѓу Кливленд и Торонто.

Џејмс при крајот на третата четвртина малку се изнервира по еден прекршок и неуспешно положување, па на девојката покрај паркетот и „украде“ шише пиво. Но, не проба, а подоцна на прес-конференција објасни и зошто…

„Бев лут на себе затоа што имав можност за кош под прекршок а не го искористив. Во афект отидов кон таа аут линија, но сигурно не ни помислував да ја прегазам девојката која продава пиво. Имаше едно во раце и и го ‘откраднав’. Да имаше некое црвено вино, веројатно и ќе пробав, вака не сум многу по пивото“ – рече Џејмс.

Кливленд славеше на првиот полуфинален меч против Торонто со 116-105, а Џејмс постигна 35 поени дополнети и со 10 скока.

Се вчитува...