„Летечкиот“ Манасков со петти најубав гол во ЛШ (видео)

Дејан Манасков постигна прекрасен погодок на дуелот против Кјелце, со што македонското лево крило се најде и на најновата Топ-листа кога станува збор за најубавите голови во Лигата на шампионите. Македонецот „полета“ на сличен начин како и при еден гол на СП во Катар во националниот дрес, во воздух ја прифати топката од линијата од шест метри и го матираше гостинскиот голман, постигнувајќи значаен погодок во моментите кога Веспрем ја создаваше клучната предност.

Топ-листата од петте најубави голови во десеттото коло од ЛШ, на чело со Балагер од Нант, можете да ја погледнете на следниот ЛИНК .

Се вчитува...