Лоренцо за Роси: Тешко е да бидеш пријател со човекот кој сакаш да го уништиш! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
18/10/2017 22:20
Фудбал
18/10/2017 18:32
Фудбал
18/10/2017 17:40
Фудбал
18/10/2017 16:37

Лоренцо за Роси: Тешко е да бидеш пријател со човекот кој сакаш да го уништиш!

Лоренцо за Роси: Тешко е да бидеш пријател со човекот кој сакаш да го уништиш!

Седум години Валентино Роси и Хорхе Лоренцо беа цимери во гаражата на Јамаха. Односот помеѓу двајцата поранешни светски шампиони одамна е нарушен. За топло-ладно врската говореа и двајцата во различни прилики, а Лоренцо смета дека нивниот однос ќе се поправи откако ќе возат за различни тимови.

„Нашиот однос беше сличен како помеѓу Сена и Прост во Формула 1. Не е лесно кога сакате да го победите возачот кој има идентичен мотор или болид. Тешко е да се биде пријател со возачот кој сакате да го уништите. Роси и јас и понатаму ќе се натпреваруваме во иста категорија, но сега на различни машини. Тоа е многу поинаку од досегашната ситуација“ – истакна Лоренцо кој од оваа сезона ќе вози на машината на Дукати.

Роси пак е среќен за пристојната разделба помеѓшу него и, сега веќе поранешниот, тимски колега.

„Ова беше добар момент. По крајот на 2015 година нашите односи се влошија. Многу време поминавме заедно, а по трката во Валенсија (последна за сезоната) тој ми пријде и разговаравме. Тоа беше убав гест и среќен сум поради начинот на кој заврши нашата приказна во Јамаха. Тоа е знак дека нашиот однос се враќа на добар пат“ – останува оптимист Роси.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.