Лука Савичевиќ - чудото од дете што го сакаат Ефес, Цедевита и Црвена звезда - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
25/06/2017 11:43
Кошарка
25/06/2017 10:28
Фудбал
24/06/2017 22:41
Фудбал
24/06/2017 20:21

Лука Савичевиќ – чудото од дете што го сакаат Ефес, Цедевита и Црвена звезда

Лука Савичевиќ – чудото од дете што го сакаат Ефес, Цедевита и Црвена звезда

Поблиската иднина на кошаркарската репрезентација не делува така блескаво, но утеха сигурно е што на помала возраст имаме суперталенти од кои се очекува да станат врвни кошаркари и идни предводници и на националниот тим. Покрај синот на Врбица Стефанов, Рубин Стефанов, во листата на „македонски чуда од деца“ на кошаркарски план се вбројува и Лука Савичевиќ, членот на Вардар кој е дел и од репрезентацијата на Македонија за играчи со 16 години.

Овој млад плејмејкер е доминантен на домашната сцена, бележеше одлични игри и на контролните натпревари на македонската репрезентација, со што го привлече и вниманието на врвни кошаркарски клубови ширум Европа. ЕКИПА дознава дека Анадолу Ефес и Цедевита покажуваат многу сериозен интерес и имаат подготвено богата понуда за да го доведат Савичевиќ во своите редови, а Црвена звезда и Емпорио Армани се уште дел од клубовите кои сакаат уште на 15-годишна возраст да го ангажираат Лука и од него да градат врвен сениорски кошаркар.

Лука е навистина талентирано момче родено во 2002 година. Тој настапува за нашата селекција за играчи до 16 години, а исто така и за У16 репрезентацијата на Македонија, каде игра со деца повозрасни од него. Савичевиќ е член на Вардар уште веќе неколку години, фантастично се развива и неслучајно за него се интересираат врвни клубови“ – изјави Бране Андриевски, првиот човек на младинската школа на Вардар.

Пред малиот Лука и неговите родители е сериозен избор, за ова младо момче да продолжи да се развива во вистински правец и да ги оправда очекувањата – да прерасне во врвен кошаркар и стандарден член на македонската репрезентација.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.