Мајсторија на Калигиури, Шалке продолжува со победите… (видео)

Шалке 04 ја запиша и четвртата едноподруго победа во првиот натпревар од 26. коло во германската Бундеслига. Тимот од Гелзенкирхен славеше со 0-1 на гостувањето против Мајнц.

Триумфот на Шалке дојде благодарение на прекрасниот погодок со шут од околу 20 метри на Даниел Калигиури во 55. минута од средбата…

Со најновите три бода Шалке се зацврсти на втората позиција на табелата со 46 бода, сега четири бода повеќе од третопласираната Борусија Дортмунд која во недела против Анјтрахт го игра својот натпревар од ова коло. На врвот е Баерн Минхен со 63 бода.

Се вчитува...