Македонија, домаќин на младинско ракометно ЕП

Беспрекорната организација на претходните големи натпреварувања беше доволна препорака Македонија повторно да добие организација на едно европско првенство во младите категории. ЕХФ на својот вчерашен состанок на Извршниот Комитет ги објави земјите кои ќе бидат домаќини на европските шампионати во 2018 година, при што Македонија ја доби организацијата на првенството за ракометари до 20 години.

По изборот на Михаел Видерер за нов претседател на ЕХФ, на овој состанок беше донесена одлука за именување на Мартин Хауслајтнер од Австрлија за нов Генерален секретар, функција на која тој ќе пристигне почнувајќи од 1 август.

Македонија и годинава ќе биде домаќин на едно Европско Првенство во ракомет, во женска конкуренција за ракометарки на возраст до 17 години.

Се вчитува...