Македонските ракометарки со проверен состав на „Трофеј Карпати“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Македонските ракометарки со проверен состав на „Трофеј Карпати“

Македонските ракометарки со проверен состав на „Трофеј Карпати“

 

Женската ракометна репрезентација на Македонија од 23 до 26 ноември, во рамките на неделата на ЕХФ, ќе настапи на турнирот „Трофеј Карпати“ во Крајова. Покрај Македонија, учесници на турнирот сеи селекциите на Полска, Бразил и на домаќинот Романија.

Селекторот Симе Симовски ќе смета на стандардниот состав за овој репрезентативен собир од 20 до 30 ноември.

Нема некои драстични промени во составот. Настојуваме да го задржиме континуитетот во работата. Ростерот е тој, во перспектива планираме во првиот тим да се вклучуваат и по неколку ракометарки од помладите категории и да ја прошириме репрезентативната база“ – истакнува селекторот Симовски.

За овој собир и за настпаот нна „Трофеј Карпати“, на списокот на слекеторот Симовски се 19 ракометарки: Матеја Серафимовска, Драгана Петковска, Наташа Антиќ, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Теодора Керамичиева, Мирјета Бајрамовска, Леонида Гичевска, Душица Ѓоргиевска, Алексанбдра Боризовска, Елена Ѓоргиевска, Маја Трпковска, Ангела Тодоровска, Елена Ливриниќ, Дијана Јовановска, Зорица Десподовска, Ивана Гакидова и Марија Николиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.